
За нас
ЖРК Шампион е македонски професионален ракометен клуб основан во 2005 година, со седиште во Скопје.
Клубот настапува во македонската Супер лига, како и во помладите категории каде секогаш зема учество на фајнл-фор натпреварите.
Во сезоната 2022/2023 ЖРК Шампион ќе настапува во видно подмладен состав, ракометарки родени 2002 година и помлади. Исто така ќе настапува во младиската и кадетската лига.
ЖРК Шампион во сите категории вкупно брои 65 члена и континуирано го проширува своето членство.